ВИОЛЕТА СТОЈАНОВИЌ, ПЕДАГОГ:

WEB Телевизија во живо

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО, ПРЕВЕНЦИЈА И ИНТЕРВЕНЦИЈА
Под врсничко насилство се подразбира секој насилен акт ( вербален , психички или физички ) кој доведува до низа последици загрижувачки по здравјето на поединецот , како психички така и физички , како и последица од смртен исход.
Актот на насилство може да се одвива во училиштето , на патот до училиштето или до дома , на училишните случувања како приредби, спортски активности, такмичења и друго. Физичкото насилство се однесува на телесно повредување на детето како удирање , туркање, шутирање, шамарење, палење, поливање со врела вода, напад со тап предмет или оружје или др.
Психолошкото насилство се однесува на она однесување кое доведува до моментално или трајно загрозување на психичкото или емоционалното здравје и достоинство на деттето / ученикот .Се однесува на ситуации во кои се пропушта обезбедување на соодветна и подржувачка средина за здрав емоционален и социален развој во склад со потенциалите на ученикот. Во психолошко насилство спага : омаловажување , етикетирање, игнорирање, исмаевање, не прифакање , изнудување, манипулирање , закани , застрашување, ограничување на движењето на детето и други облици на непријателско однесување .

Дискриминација и исклучување од дружење – претставува социјално насилство.
(Изолација , недружење, игнорирање и неприфакање по било која основа.)
Електронско или сајбер насилство : пораки преку СМС .ММС, чат пораки , уклучуање без дозвола во разни форми групи и друго .
Тука спага и експлоатацијата со деца, која се однесува на киднапирање и продавање на деца , експлоатација на нивниот труд , сексуални услуги , трговија со деца , а во последно време и трговија со органи . Овие активности обично завршуваат со тешко нарушување на физичкото и менталното здравје на детето , како и нарушување на неговиот морален , социјален и емоционален развој .
Насилниците се најчесто на возраст од 10/24 години , но не е исклучок тие да се и под 10 годишна возраст.
Врсничкото насилство е деликветна работа која не е лесна да се разбере !
Зошто некој станува агресивен ? Зошто некој ги омаловажува другите ?
Од психолошки аспект , насилниците се обично и самите жртва!Обично тие таков модел на насилтво примаат во самато семесјтво , во соседството , се иднетификуваат со некој лик од видео игрите , филмовите , или пак сакаат да бидат прифатени од некоја група на која сакаат да и припагаат .
Во било кој случај , треба да се превземат превентивни мерки како и мерки за интервенирање.
Превенвенитивата лежи во соработката помегу родителите , воспитно – образовниот кадар , децата , и локалната самоуправа .
Што би можело училиштето да направи ?
– Мерки за превенција
– Мерки за интервенција
Превенција :
1. Стварање на позитивна клима на прифакање , толеранција , и уважување.,
2. Вклучување на сите групи ( ученици , наставници , одд раководители , стручни соработници, директори , родители , локална заедница ) во донесување и развивање на програмата за превенција .
3. Подигање на свеста кај сите вработени во училиштата за препознавања на насилството и занемерувањето . ,
4. Постапки за заштита од насилство и реагирање во случај на насилство .,
5. Училиштето да формира стручен тим за заштита од насилство и злоставување .Тимот за заштита го сочинуваат одд раководител и стручен соработник / педагог или психолог .
Интервенција :
1. Постапки и реагирање при случај на насилство .,
2. Воспоставување на систем за ефикасна заштита на детето при случај на насилство .,
3. Пратење и евидентирање за зачестеноста на насилството .,
4. Одстранување на последиците од насилството ( социјална служба, полиција )и рентеграција на детето .,
5. Советодавна работа со децата кои трпат насилство , со оние кои вршат насилство , како и со оние кои го посматрале т.н биле сведоци на насилството .
Сите овие мерки треба да допринесат за :
– Подигање на свеста кај децата , родителите и сите вработени за препознавање на насилството , злоставувањето и игнорирањето .,
– Негување на атмосфера за работа , толеранција и комуникација во која нема толерирање на било како вид на насилство . ,
– Унапредување на знаења , вештини и ставови потребни при реагирање на насилството .,
– Обезбедување заштита на децата / учениците , родителите и сите вработени од насилство и злоставување !

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *