УЧЕНИЦИ СО КРЕАТИВНИ УМЕТНИЧКИ ЦРТЕЖИ СО ПОРАКА ЗА ЖЕНСКИТЕ ПРАВА

WEB Телевизија во живо

Во Клуб- Галеријата на Народниот театар- Гевгелија бeше отворена Ликовната изложба „Женски права“. На Изложбата, се застапени петнаесеттина цртежи на ученици од VI до IX oдделение од гевгелиските основни училишта „Владо Кантарџиев“, „Крсте Мисирков“, „Ристо Шуклев“- Негорци и Ликовната работилница во рамки на Ликовниот конкурс на истоимената тема. 

А, во организација на Општина Гевгелија, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.
 
Изложбата ја отворија директорката на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Мирјана Крстева Массетти и членот во Комисијата за оценување на цртежите, Александар Јанев.

– 12 талентирани дечиња ни понудија креативни сликарски решенија, генерално, изработени во акварел и техники со дрвени боици и фломастери. Секој цртеж е со различна наративна приказна и симболика, но пренесува иста порака која соодветствува на женските права, а во таа порака поддеднакво истомисленици се момчињата и девојчињата, автори на цртежите, истакна Јанев.

Комисијата, во состав на Мирјана Крстева Массетти, Александар Јанев и Петар Јанчев, донесе Одлука да ги награди цртежите на: Павле Митров од ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци (Прва награда), Теодора Манчева од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија и Каја Јанковска од Ликовната работилница (Втора награда) и Живко Станчев и Софија Милосављевиќ од ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци (Трета награда).

Притоа, од страна на претседателката на КЕМ при Советот на Општина Гевгелија, Елизабета Сивова, им беа врачени Решенијата за парични награди, Дипломите и Пофалниците со симболични подароци на учесниците и нивните ментори на Ликовниот конкурс.

Имено, оваа активност Општина Гевгелија, во соработка со КЕМ и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ја реализираше во рамки на Програмата на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2022 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *