СЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА ПОДОБРО СПРАВУВАЊЕ СО ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО

WEB Телевизија во живо

Проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“ продолжи со реализација на своите активности. Изминатиот период, беа одржани 10 обуки со вкупно 192 наставника во сите основни училишта и во средношколскиот центар во општина Гевгелија. 
 
Конкретните примери, размената на искуства и практичните вежби придонесоа за зајакнување на индивидуалната одговорност на наставниците во ситуации на врсничко или каков било вид насилство. 
 
Од обуките произлегоа конкретни заклучоци, односно наставниот кадар ќе подготви превентивни активности во своите училишта и ќе се влијае на одржливост на проектните активности преку практикување на стекнатите компетенции во секојдневната работа со учениците.
 
Со овој проект се третира проблемот на врсничко насилство во училиштата во општината во насока на: препознавање, превенција и постапување во однос на овој сериозен проблем. Планираните активности ќе дадат придонес кон создавање училишни средини без врсничко насилство и со унапредена меѓусебна толеранција и разбирање.
 
Во рамките на проектот на наставниците им беше доставено „Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување“ објавен од Министерството за образование, кое се однесува само за основно образование.
 
Проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Општина Гевгелија. Имплементатори на проектот се ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и ЗГ „Рубикон“ од Скопје.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *