ROCK ‘n’ CHOIR! КОНЦЕРТ НА РОК КЛАСИЦИ ВО ХОРСКИ АРАНЖМАН СО ГРАДСКИОТ МЕШАН ХОР „ГОРТИНИЈА“

WEB Телевизија во живо

Градскиот мешан хор ГОРТИНИЈА, под раководство на диригентот и уметничкиот директор, м-р Илија Атанасов и во соработка со своите соло-пеачи и инструменталисти ќе реализира концерт на рок музика насловен како ROCK ‘n’ CHOIR!
 
На концертот ќе бидат изведени 10 познати рок нумери на групите „Тото“, „Ганс енд роусес“, „АЦ/ДЦ“, „Дип Парпл“, , „Квин“, „Леб и Сол“, „Конкорд“, и „Зијан“ како и на легендарниот Леонард Коен.
 
На хорот „Гортинија“, во изведбата на овие рок класици ќе му се придружат солистите:
Цеца Демерџиева Динева, Теодора Атанасова, Дорис Старчева Јованова, Андон Михајлов, Теда – Теодора Гошева Капсарова, и Коце Динев.
 
За оваа прилика е формиран и Рок бенд кој го сочинуваат Пенче Кралев на бас-гитара, Момчило Делев на тапани, Коста Елбасановски на клавијатури, Слободан Кржев и Антонио Какров на гитара.
 
Концертот, кој е подржан од Министерството за култура, ќе се одржи во петок, на 25 ноември во 19.30 часот во Народниот театар во Гевгелија. Влезот за сите рокерски настроени гевгеличани е бесплатен.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *