РАСТРЧАНИ ДЕЦА, ВОЗБУДЕНИ РОДИТЕЛИ, ОДЛИЧНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРВАТА ДЕТСКА ТРКА „NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2022“

WEB Телевизија во живо

Прекрасна глетка во центарот на Гевгелија, денеска, на Првата детска трка во рамките на „NOVEMBER RUN GEVGELIJA“. Вкупно 458 деца, на возраст од 2009 до 2016 година направија вистински спектакл во срцето на градот кој го слави Денот на своето ослободување.
 
Возбудливо на патеката од еден километар, возбудливо и крај неа, каде родители и роднини на детските„маратонци“ ги бодреа своите најмили.
Како што рече некој, сите што ја истрчаа патеката се морални победници, но за да се зачува спортскиот карактер на трката, сепак да ги споменеме и победниците.
 
Во категоријата деца родени 2009, 2010, 2011, во женска конкуренција победи Варвара Атанасовска, додека кај машките најбрз беше Лазар Јаневски со неверојатно време од 3 минути и 26 секунди.
Во конкуренција на деца родени 2012, 2013, 2014 и 2015, кај девојчињата најбрза беше Хана Климарков, додека кај момчињата прв до целта стигна Максим Ангов.
 
И во третата категорија, деца родени 2016 и помали, победничка беше Марија Динева, а победник Томче Петков.
Ако, по утрото, денот се познава, тогаш на утрешната трка за возрасни на 5 и 10 километри „NOVEMBER RUN GEVGELIJA“, може да очекуваме вистински атлетски празник во Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *