ПРВА СВЕТА АРХИЕРЕЈСКА ЛИТУРГИЈА ВО ПАРАКЛИС-КРСТИЛНИЦА „СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Во чест на Свети Нектариј Егински, големиот чудотворец и исцелител на тешки болести, Митрополит Повардарски господин Агатангел утринава отслужи Света Архиерејска Литургија во Параклис-Крстилница „Свети Нектариј Егински“ во Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија.
 
На Свети Нектариј Егински најмногу му се обраќаат пациенти со карцином, се случуваат чуда што дури и медицината не може да ги објасни.
Народната поговорка гласи:
„Ништо не е неизлечиво за свети Нектариј“
 
Се работи за еден од најголемите светци од поновото време. Последните неколку години свети Нектариј боледуваше, и последните денови ги помина во болница во Атина, каде што и се претстави пред Господа, на 21 ноември 1920 година, на 74-годишна возраст. Кога докторите дојдоа да го пресоблечат, случајно неговата кошула ја фрлија на соседниот кревет на кој лежеше парализиран човек. 
 
Штом се допре до кошулата, парализираниот се излекува. Кога го пренесуваа од Атина во Егина, непрекинато течеше миро од неговото чело. На неговиот погреб присуствуваше многуброен народ. Пристигнуваа од секаде, за да се допрат до свети Нектариј. Вброен е во ликот на светителите на 20 април 1961 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *