ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА “ЛУНА 3”

WEB Телевизија во живо

МЛАДАТА ВИКТОРИЈА ЈОВАНОВА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ЖИВЕЕ СВОЈОТ СОН И ДА ПИШУВА
ЈОУ Библиотека “Гоце Делчев”-Гевгелија вчера ја организираше промоцијата на книгата “ЛУНА 3” од Викторија Јованова. По успешното издавање на првата и втората книга „ЛУНА“ Викторија пред читателската публика се претстави со последниот, трет дел од трилогијата „ЛУНА “.
Промоцијатата се одржи пред голем број љубители на убавиот пишан збор во холот на СОУ “Јосиф Јосифовски”-Гевгелија. Од нејзината беседа дознавме за нејзината љубов кон англискиот јазик, бидејќи таа пишува на овој јазик, дознавме дека ја обожава Тејлор Сфивт, па затоа на почетната страница на секој примерок од „Луна 3“, се наоѓа по еден стих од некоја од песните на оваа кантавторка. Исто така ни откри дека најубаво пишува во доцните вечерни, или раните утрински часови.
Директорот на библиотеката „Гоце Делчев“, Стефан Марковски и посака успех на Викторија, да напише уште многу романи, и добронамерно ја посоветува нив да ги пласира на платформата за книги „Амазон“
Промотор на книгата беше Маре Брзанова, професорка по англиски јазик во ООУ „Владо Кантарџиев“, која преку прашања до нејзината бивша ученичка и од нејзините одговори, на присутните им откри интересни работи за начинот на размислување на Викторија, за начинот на нејзиното пишување, и за нејзините планови за во иднина.
Презентерката на оваа промоција, Емилија Старделова истакна дека е многу горда на својата поранешна ученичка, ја цитираше реченицата на Рузвелт која вели дека: – Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на нивните соништа.
А, токму Викторија, истакна Старделова, е таа која не застана со своите соништа, па затоа вечерва стигна и до промоција на третиот дел од книгата Luna. Честитки и ти посакувам уште многу успеси!
Инаку, , Викторија Јованова е родена на 20.01.2006 год. во Гевгелија. Заврши основно образование во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, а своето образование го продолжи во СОУ „Јосиф Јосифовски“
Таа пројавува голем интерес за пишување и цртање уште како мала. Нејзината голема љубов кон коњите и е основна мотивација за пишување на книгата „ЛУНА“. По успешното издавање на првата и втората книга „ЛУНА“ продолжува со третиот дел од трилогијата „ЛУНА 3“.
Покрај трилогијата „ЛУНА“ ги пишува и книгите „His Cardigan” и „Take my Hand”, исто така на англиски јазик, објавени на страната за книги Wattpad.
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *