ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА “ЛУНА 3” ОД ВИКТОРИЈА ЈОВАНОВА

WEB Телевизија во живо

ЈОУ Библиотека “Гоце Делчев”-Гевгелија организира промоција на книгата “ЛУНА 3” од Викторија Јованова. Промоцијата ќе се одржи во СОУ “Јосиф Јосифовски”-Гевгелија на 23.11.2022 година (среда) со почеток во 18:00 часот.
 
Промотор на книгата ќе биде Маре Брзанова.
Авторката, Викторија Јованова е родена на 20.01.2006 год. во Гевгелија. Заврши основно образование во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија. 

Таа пројавува голем интерес за пишување и цртање уште како мала. Нејзината голема љубов кон коњите и е основна мотивација за пишување на книгата „ЛУНА“. По успешното издавање на првата и втората книга „ЛУНА“ продолжува со третиот дел од трилогијата „ЛУНА 3“. 

Покрај трилогијата „ЛУНА“ ги пишува и книгите „His Cardigan” и „Take my Hand”, исто така на англиски јазик, објавени на страната за книги Wattpad.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *