ПРОФЕСОР РАТОМИР ГРОЗДАНОВСКИ: МАКЕДОНЦИТЕ СЛАВЕЛЕ ДОМАШЕН ПРАЗНИК, СЛАВА И КРСНО ИМЕ УШТЕ ОД 11-ТИ ВЕК

WEB Телевизија во живо

Професорот Ратомир Грозданоски пишува дека историјата на домашни слави во Македонија има долги корени:
– За празнувањето домашен празник, именуван како крсно име или крсна слава или именден, кај нашиот македонски народ е запишано уште во 1018 година, непосредно по пропаѓањето на царството на Самуил. Тоа е прв запишан случај на одбележување домашен празник кај словенските народи. 
 
Празнувањето се случило во градот Девол, кој денес не постои. Тој град се наоѓал јужно од Охрид. Еден наш војсководец, Македонец, по име Ивец, празникот Успение на Пресвета Богородица, Голема Богородица (на 28 август, по нов календар), го празнувал како своја домашна слава или крсно име, како што стои во записите. Неговиот противник, византиски војсководец, знаејќи дека на слава, според обичајот, дома се прима секој што ќе дојде, отишол на гости кај Ивец. Домаќинот го примил во својот дом, иако биле непријатели. 
 
Откако добро го нагостил, лукавиот Византиец, пред заминување, му рекол: „Може ли нешто да поразговараме насамо, во четири очи, само ние двајцата?“ Се тргнале малку настрана, во дворот, и притоа го ослепел. Нечесно и злобно, Византиецот ги злоупотребил гостопримството и домашниот празник на македонскиот војсководец Ивец.
 
Токму поради тоа настанот е запишан во еден стар запис, бидејќи тој направил такво злодело, на денот на славата. Тоа, пак, значи дека уште во 11 век, на писмен документ имаме потврда дека во Македонија, и пред Србите и пред Бугарите, ние Македонците сме одбележувале домашен празник, слава и крсно име – вели професорот Грозданоски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *