ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА 19-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗАКАЖАНО ЗА УТРЕ, САБОТА, 26 НОЕМВРИ

WEB Телевизија во живо

Поради немање на кворум, 19-та седница на Советот на Општина Гевгелија денес беше прекината, а продолжението на истата, претседателот на Советот ја закажа за утре, сабота, 26 ноември, со почеток во 11 часот.
 
Од првобитниот предложен Дневен ред отпаднаа точките 2, 3 и 4, односно Предлог Програмата за измена и дополнување на Програмата за градежно земјиште во општина Гевгелија за 2022 година, Предлог програмата за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта во Општината за 2022 година и Предлог Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на Локалнаиот економски развој и прекугранична соработка за 2022 година.
 
Во изменетиот Дневен ред, советниците одлучија да влезат две нови точки, Предлог одлука за давање под закуп за користење и стопанисување со кабинет и канцеларија во Пионерскиот дом во Гевгелија и Предлог препорака до Министерката за труд и социјална политика.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *