ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА СТАЦИОНАРОТ ЗА БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ

WEB Телевизија во живо

Во завршна фаза е изградбата и уредувањето на Стационар за бездомни животни во општина Гевгелија. Изведбените работи на објектот крај Прoчистителната станица се во тек, а во рамките на ЈПКД „Комуналец“ веќе е формирана нова организациона единица, која ќе се занимава со заловување и третирање на кучињата- скитници.
 
Активностите за адаптирање на посебниот објект за прифатилиште на кучињата скитници се одвиваат согласно стандардите на Агенцијата за храна и ветеринарство. Со отворањето на стационарот, кој , во почетната фаза се предвидува да располага со 15 боксови, треба да биде решен еден од горливите проблеми во градот што го предизвикуваат кучињата- скитници.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *