ПРЕС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ:

WEB Телевизија во живо

„И ПОКРАЈ ПРЕДИЗВИЦИТЕ И НАМЕТНАТИТЕ ПРОБЛЕМИ, РЕАЛИЗИРАНИ ПОВЕЌЕ КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА“
 
Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, на денот кога пред една година ја презеде градоначалничката функција, даде отчет пред јавноста:
 
-На локалните избори во 2021 година добив силна поддршка од граѓаните, која ме обврза да работам посветено во интерес на граѓаните на општина Гевгелија. Изминатава година беше исполнета со многу непредвидени ситуации и предизвици, пред се, како резултат на енергетската криза. Но, и покрај тоа реализирани се, во 2022 година, голем број на капиталните проекти на територијата на општина Гевгелија. Реализацијата на овие проекти придонесе за подобрување на патната, комуналната и воопшто инфраструктурата во општината, истакна на Прес конференцијата, градоначалникот Сарамандов.
 
Притоа, посочи дека во моментот во Општина Гевгелија, се гради атмосферска канализација во Гевгелија, во должина од 6.500 метри, на потегот од Динќут до железничката станица, нови водоснабдителни системи се градат во Негорци и Прдејци. Значително е подобрена патната инфраструктура, а за таа цел од Буџетот на Општина Гевгелија се издвоени 16.705.720 денари. Со изградбата на сервисната улица кај Милци, подобрена е сообраќајната врска на Гевгелија со граничниот премин Богородица. Со доградба на патот до село Ума, во должина од 800 метри, која е во завршна фаза, конечно се заокружува оваа сообраќајница. Исто така извршена е реконструкција на повеќе улици со асфалтирање и бетонирање во Гевгелија и во населените места Негорци, Миравци, Богородица, Моин, Смоквица, Петрово, Давидово, Милетково и Мрзенци.
 
-Годинава Прдејци доби нов Младински дом, кој беше дамнешна желба на граѓаните од ова населено место. Беше реконструираан стариот објект со пренамена на средствата од ТАВ, а со средствата што ги обезбедивме од општинскиот буџетот беше извршено внатрешно уредување, опремување на објектот и уредување на дворното место. Наскоро и Богородица ќе добие уреден Младински дом, а, во моментот во ова населено место, со општински средства, се реконструира стариот објект на „Винојуг“, истакна Градоначалникот на Општина Гевгелија, информирајќи дека за поголема заштита на животната средина во изминатиот период беа обезбедени сите услови и профункционира Времената депонија кај Ново Конско, а исчистени се дивите депонии кај Миравци, Смоквица, Серменин и Смрдлива вода. Започнавме со реализацијата на проектот за селектирање на отпадот, кој сметам дека е од голема важност за нашата општина., а на добар пат сме да го решиме и проблемот со кучињата-скитници со изградбата на Стационарот за бездомни животни, која е во завршна фаза, нагласи Сарамандов.
 
Тој на Прес конференцијата информираше дека изработена е платформа за туризмот во општина Гевгелија за промоција на туристичкиот потенцијал, а заедно со сите чинители во туризмот креиравме и туристички идентитет на општината. Изработен е промотивен материјал – сувенири, брошура, флаери, видеа, маици со туристичкото лого и веб-страна. Со цел да се обезбеди поголема афирмација на ова туристичко поднебје, во иднина општина Гевгелија ќе учествува на туристички саеми заедно со чинителите на туризмот во нашата општина.
 
За подобрување на условите во образовните установи, во основното училиште „Владо Кантарџиев“ и во подрачното училиште во Мрзенци извршено е оградување на училишните дворови. Додека за подобрување на условите за спортување, извршена е целосна обнова на спортската инфраструктура во Општината. И тоа, реконструкција на кошаркарското игралиште „Иван Пенов“ со модерна пластифицирана подлога, целосна реконструкција и поставување на модерна тартан подлога на мултифункционалното спортско игралиште „Партизан“, а извршена е и рехабилитација на мултифункциналното спортско игралиште „Касарна“ во Гевгелија. Рехабилитација е извршена и на фудбалските игралишта во Миравци, Мрзенци и Прдејци.
 
За поголема ангажираност на младите, а излегувајќи во пресрет на нивните барања, формирана е драмска секција за деца, која функционира во Народниот театар во Гевгелија, организирана е бесплатна школа за млади гитаристи, како и бесплатен логопетски третман за деца со проблеми во вербалната комуникација. Исто така, обезбедени се субвенции за набавка на велосипеди. Културниот живот во градот и општината во 2022 година беше збогатен со богата музичка програма за дочекот на Новогодишната ноќ, Гевгелиско културно лето, во чии рамки беа одржани дваесеттина културни настани, како и богата културна уметничка програма по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија – 7 Ноември.
 
-Паралелно се реализација на програмските активности, баравме решенија за новонастанатите проблеми од енергетската криза, со цел институциите под локалната самоуправа непречено да функционираат. Како најприоритетна се наметна потребата за намалување на трошоците за електрична енергија. Зголемените трошоци во уличното осветлување беа намалени со заштеда и замена на натриумовите со штедливите лед светилки. Но, најголем проблем поради енормно зголемените трошоци за струја се јави во ЈПКД„Комуналец“, посебно сметките за струја потрошена за функционирањето на водните пумпи. Ако лани ова време сметките биле 13 милиони денари, оваа година тие заклучно со октомври изнесуваат 55 милиони денари. Но, со добро менаџирање на овој проблем, не дозволивме никакво исклучување на електричната енергија, како што тоа беше случај во некои други општини, а ЈПКД „Комуналец“ редовно ги испорачуваше своите услуги кон граѓаните, истакна градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, на Прес конференцијата за едногодишното работење, одгаварајќи на новинарските прашања.
 
Притоа, посочи дека во Општина Гевгелија, преку Одделението за локален економски развој беа изработени десетина основни проекти, кои се доставени за аплицирање до домашните и меѓународните програми и институции. Дел од нив се веќе одобрени, додека дел се во фаза на апликација. Проектите се засниваат на изнесените потреби и барања од страна на граѓаните, со кои, освен преку реактивираниот Систем 48 часа, комуницирам, рече Сарамандов, со граѓаните во неделните приемни денови, на средбите во месните заедници, со бизнис заедницата и НВО секторот, на кои средби заеднички ги нотираме приоритетните проекти кои треба да се остварат.
 
Што се однесува до соработката со Советот на општината, Градоначалникот на општина Гевгелија , ја оценува како коректна, а во врска со критиките од страна на опозицијата, дел од таа критика е добронамерна, но, поголемиот дел од тие критики се паушални и дел од политичкиот фолклор. Затоа, велам, дека време е да се издигнеме сите заедно над политиката и да работиме за доброто на сите граѓани на општината, нагласи Андон Сарамандов.
 
Во својство на актуелен претседател на Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион, тој изрази задоволство од работата и од придонесот на сите градоначалници во регионот. Во изминатата година, за реализација на планираните активности и проекти во сите општини на ЈИПР беа издвоени 128 милиони денари. Како резултат на остварените активности, а како успешен регион, добиена е покана Советот на градоначалници на ЈИПР да учествува на Саемот на општини во Барселона, каде ќе бидат разменети меѓусебните искуства на Европските општини.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *