ПОЛОЖЕНО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈАТА ПО ПОВОД 7-МИ НОЕМРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Денеска, по повод 78 годишнината од ослободувањето на Гевгелија – 7 ноември, беа посетени сите спомен обележја во Гевгелија и беше положено цвеќе во чест и слава на сите паднати борци за слободата на Гевгелија.
 
Членовите на општинското здружение на Сојузот на борците од НОВ, претставниците на општина Гевгелија, политичките партии и здруженија положија цвеќе на бистите на народни херои од овој крај, на спомен обележјето на Сава Михајлов, на бистите на првоборците од овој крај и на Спомен костурницата во Гевгелија..
 
На присутните овде им се обрати Јане Ташковски од Општинското здружение на СЗБ, потсетувајќи дека на 6 ноември 1944 борците на Вториот гевгелиски партизански одред, во параден строј, влегоа во Гевгелија, минувајќи низ главната улица. Граѓаните на Гевгелија воодушевено ги поздравија и ги дочекаа борците, радувајќи и се на слободата.
 
За слободата на Гевгелија, беа положени 74 животи, во борбата со фашистичкиот окупатор, од кои 13 потекнуваа од самиот град Гевгелија. Како денеска, така и понатаму на овој ден ќе продолжиме да им се поклонуваме, а на младите им оставаме аманет да не го заборават светлиот историски датум на нашиот град, рече Ташковски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *