ПЕТАР ШАРКОВ УЖИВА ВО ТРЧАЊЕТО И ВО ВОДЕЊЕТО НА НАВИВАЧКАТА ГРУПА „ФАНТОМИ“

WEB Телевизија во живо

Младиот Петар Шарков по трет пат беше учесник на, сега веќе традиционалната трка „November run Gevgelija“, a по повод Општинскиот празник 7-ми Ноември. Оваа година тој се реши да трча во маицата со ликот на прерано починатиот кошаркар на КК „Кожув“, Иван Пенов, кој покрај играњето кошарка беше и член на навивачката група „Фантоми“
 
Инаку, Петар со спортот се занимава од мали нозе, а како и секој млад гевгеличанец, првите спортски чекори ги започнува во ФК „Кожув“. Со фудбалот другарувал до 18 години, како играч на ФК Кожуф, во младинската екипа, и две години, во ФК Беласица, Струмица. 
 
Моментално, вели Петар, уживам во трчање на 5 и 10 километри, кои добро влијаат на моето физичко и психичко здравје. Навивачката група Фантоми Север е формирена во 1990 година, а во неа Петар е член од 2011 година.
 
Денес тој е претседател на истата, и очекува, после корона пандемијата полека, но сигурно, навивачклата група „Фантоми“ повторно да биде препознатлив белег на секој кошаркарски натпревар на КК „Кожув“ , на трибината „Ц“ и на секој фудбалски натпревар на ФК „Кожуф“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *