ОД СЕЗОНСКИ ГРИП ДО ДЕНЕСКА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ВАКЦИНИРАНИ 900 ГРАЃАНИ

WEB Телевизија во живо

Од почетокот на вакцинирањето против сезонски грип, од пред десетина дена, во Гевгелија се вакцинирани 900 граѓани, информираше денес раководителот на Центарот за јавно здравје Велес, ПЕ Гевгелија, доктор епидемиолог Сашко Олумчев.
Вакцинацијата против сезонски грип се врши на двата вакциналниот пункта сместени во Општата болница во Гевгелија.
 
Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со 27 октомври 2022 година, вакцинирани се вкупно 16.696 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини. Во однос на комерцијалните вакцини вакцинирани се 837 лица.
 
За сезоната 2022/2023, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 40.000 дози, наменета за приоритетни групи население.
 
Вакцинацијата против сезонски грип за сезоната 2022/2023 започна на 19.10.2022 и се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните Подрачни единици и/или Здравствените домови. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб страната www.vakcinacija.mk.
 
Дополнителни 6.000 дози комерцијални вакцини се набавени од страна на Центрите за јавно здравје, како вакцини за останатото население кое не спаѓа во горенаведените групи, истите можат да се добијат за одреден финансиски надомест и се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните Подрачни единици.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *