ОД БИЛТЕНОТ НА МВР : ПРОНАЈДЕНИ 16 МИГРАНТИ ОД ИНДИЈА КАЈ СМОКВИЦА, ВОЗ УСМРТИ 30 ОВЦИ КАЈ МИРАВЦИ

WEB Телевизија во живо

На автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатна рампа „Смоквица“, синоќа во 20.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода Б.З.(27) од Скопје и П.К.(22) од скопското село Инџиково.
 
При преглед во товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.З, а сопатник бил П.К., информираа од МВР, биле пронајдени 16 лица мигранти од Индија, меѓу кои едно женско лице.
 
Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а за случајот бил известен надлежен Јавен обвинител. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
Во Полициската станица Гевгелија вчера околу 16.00 часот било пријавено дека во близина на Железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје удрил во стадо овци, при што биле усмртени околу 30 овци, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *