ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ЗА 2023 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Oпштина Гевгелија го објави Конкурсот за финансирање проекти и манифестации од областа на култура од значење на општина Гевгелија за 2023 година. На Конкурсот, имаат право да учествуваат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата со седиште во општина Гевгелија, здруженија на граѓани, физички и правни лица, регистрирани во Република Северна Македонија за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна Македонија.
 
Конкурсот е отворен до 19 декември, 2022 година. Пријавите (се преземаат од веб-страната на Општина Гевгелија) со потребните документи, апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање проекти од областа на културата за 2023 година“.
 
Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: petarjancev@yahoo.com. Резултатите од Kонкурсот ќе бидат објавени во вид на Програма за финансирање проекти и манифестации од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2023 година, која ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината.
Дополнителни информации можат да се добијат на тел.: 071/207-199 и 075/219-453.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *