НОЌ ЗА ПАМЕТЕЊЕ СО „ГОРТИНИЈА“ – РОК„ГРМОТЕВИЦИ“ ГО „ТРЕСЕА“ НАРОДНИОТ ТЕАТАР

WEB Телевизија во живо

Се беше беспрекорно. Полна сала, музичари како прецизна машинерија, прекрасни солисти, распеани хористи и „разигран“ диригент. Сето ова ги натера нозете и срцата на гевгеличани кои ја наполнија салата на Народниот театар, да тропкаат во ритамот на рок –музиката.
 
Се редеа познатите рок класици од странската и домашната рок сцена во изведба на Цеца Демерџиева Динева, Теодора Атанасова, Дорис Старчева Јованова, Андон Михајлов, Теда – Теодора Гошева Капсарова, и Коце Динев.
 
Сите тие беа придружувани од, специјално за оваа прилика формиран Рок бенд, во состав: Пенче Кралев на бас-гитара, Момчило Делев на тапани, Коста Елбасановски на клавијатури, Слободан Кржев и Антонио Какров на гитара.
 
А, целиот овој рок спектакл подготвен и диригиран од маестро Илија Атанасов. Постарите гевгеличани се потсетија на времето кога во Гевгелија се организираа рок гитаријади, а помладите покажаа дека рокенролот сеуште живее во Гевгелија.
 
Hold on line, Africa, Thunderstruck, Swet chile of mine, Smoke on the water, Bohemian Rapsody, Halelua, Као какао, Високи штикли и црни чорапи, Пушти коси, измамија аплаузи и предизвикаа воодушевување кај публиката која верувам, после оваа вечер, ќе посака што поскоро да се случат слични вакви рок спектакли.
 
Не сакајќи да издвојуваме ниедна песна, сепак „шлаг“ на вечерта беа маестралната „Боемска Рапсодија“ на групата „Квин“ и вонвременскиот хит на групата „Зијан“ , „Пушти коси“, во која Костадин Динев покажа дека е сеуште во форма.
 
На крајот да истакнеме дека покрај негувањето на класичниот хорски репертоар, духовна музика, македонското хорско творештво, вокално-инструментални дела од домашни и странски композитори, хорски аранжмани на популарна музика од македонската и светска поп сцена, еден од македонските најдобри хорови, хорот „ГОРТИНИЈА“ и овој пат ја изненади публиката со рок класици во хорски аранжмани.
 
Навистина, ГОРТИНИЈА си го оствари ветувањето „ ГОРТИНИЈА will Thunderstruck you“. А, јас ќе додадам, Long live rockenroll во Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *