НЕ СЕ ЗНАЕ КАКОВ ВОЗДУХ ДИШАТ ГЕВГЕЛИЧАНИ БИДЕЈЌИ МЕСЕЦ ДЕНА НЕМА ПОДАТОЦИ НА ВЕБ СТРАНАТА НА МЖСПП

WEB Телевизија во живо

На веб-страницата на Државниот мониторинг за квалитет на воздухот веќе цел месец нема податоци за загадувањето во Гевгелија, Куманово, и Кочани .
 
Од Министерството објаснуваат дека сите мониторинг-станици работат, а податоците не се видливи на сајтот заради проблеми со софтверот.
 
Во изминативе денови на речиси на сите мерни места во Македонија има надминување на максимално дозволената вредност на ситни честички ПМ10.
 
Според податоците од мониторингот, моментно најзагаден македонски град е Струмица, каде во изминативе десетина дена, во три дена средната вредност на ПМ 10 била над 100 микрограми.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *