НАСКОРО ВТОРО ИЗДАНИЕ НА КНИГАТА „ДИЈАБЕТЕСОТ КАКО ЈАВЕН ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА“

WEB Телевизија во живо

НАСКОРО ВТОРО ИЗДАНИЕ НА КНИГАТА „ДИЈАБЕТЕСОТ КАКО ЈАВЕН ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА“ ОД АВТОРИТЕ АНДОН МАНДИЌ И ЗЛАТКО ТРАЈКОВ

По повод „14 Ноември“ – Светскиот ден на дијабетесот, наскоро ќе излезе од печат Второто дополнето издание на книгата: „Дијабетесот како јавен – здравствен проблем во општина Гевгелија“, од авторите на книгата: д-р спец. интернист Мандиќ Андон и д-р Трајков Златко, општ лекар.

Второто дополнето издание ќе биде надополнето во делот на терапевските методи, односно, околу лекувањето на дијабетесот, но ќе се даде и акцент на модерницација на современата специјализирана аптека за дијабетес, која се наоѓа во склоп на Општа долница со проширена дејност Гевгелија.

Исто така, ќе се стави акцент и на делот за дијагностика на оваа болест, со посебен осврт на современите лабораториски методи при лабораторијата, која се наоѓа во склоп на Општа болница со проширена дејност Гевгелија.

Покрај ова, ќе се даде и поширок преглед на успехот во справувањето со компликациите кои произлегуваат од дијабетесот, особено, компликациите на долните екстремитети кај пациентите како резултат на циркулаторна дијабетична ангиопатија. Во овој дел, посебен осврт ќе даде хуриргот, д-р спец. Димитров Зоран од Хируршкото одделение при Општа болница со проширена дејност Гевгелија.

Посебно, треба да се нагласи, дека во овој дел д-р Димитров Зоран изнесува податоци, дека компликациите на долните екстремитети како резултат на дијабетесот се во надолна линија, т.е. во тренд на опаѓање, односно, намалување во општина Гевгелија. Исто така, во овој дел, д-р Димитров Зоран дава разработени податоци, дека ампутациите на долните екстремитети како резултат на дијабетесот се сведени на минимум во последниот период во општина Гевгелија. Тоа е резултат на успешното справување на здравствениот систем на општина Гевгелија со оваа болест.

Тука, посебна заслуга имаат Центарот за дијабетес при Општа болница со проширена дејност Гевгелија под раководство на д-р Мандиќ Андон, но, се разбира, и другите засегнати гранки од медицината кои земаат клучна улога во лекувањето на дијабетесот, особено: интерната медицина, хирургијата, офталмологијата, неврологијата и други.

Второто дополнително издание на книгата: „Дијабетесот како јавен – здравствен проблем во општина Гевгелија“, е дел од Програмата за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2022 година. Излегувањето од печат на Второто дополнето издание на книгата ќе биде, во целост, финансирано од општина Гевгелија. Книгата ќе излезе од печат за неполн еден месец и истата е во фаза на публикација или печатење.

Светскиот ден на дијабетесот се одбележува на денот кога е роден Фредерик Бантинг, научникот кој го откри инсулинот со Чарлс Бест во 1922 година.
Дијабетесот е незаразна болест која е потенцијално опасна по живот и може да има тешки последици за поединците, нивните семејства, здравствените системи и националните економии.
Секој десетти возрасен во светот (537 милиони) има дијабетес. Се очекува до 2030 година бројот на заболени да се зголеми на 643 милиони, а до 2045 година на 783 милиони.

Во Република Македонија, според регистарот за шеќерна болест за 2021 година, објавен од Институтот за Јавно Здравје, бројот на ново регистрирани новодијагностицирани болни со дијабет изнесува 7,460 случаи, односно инциденца од 359,9 а вкупната преваленца изнесува 135,690 случаи, односно стапка од 6,547

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *