НАЈГОЛЕМ БРОЈ ОД АКТИВНИТЕ КОРИСНИЦИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СЕ КОРИСНИЦИТЕ НА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК ЗА ПОМОШ И НЕГА ОД ДРУГО ЛИЦЕ.

WEB Телевизија во живо

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гевгелија како јавна установа врши работи од областа на социјалната заштита која ја реализира на подрачјето на три општини: Општина Гевгелија, Општина Богданци и Општина Дојран.

Социјалната заштита се обезбедува преку остварување на права од парична помош од социјална заштита, права од детска заштита,како и обезбедување на социјални услуги согласно Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита.

Во Информацијата за состојбата со социјалната заштита на населението во Општина Гевгелија, која утре ќе се најде за разгледување пред советниците од Советот на Општина Гевгелија, меѓу другото е наведено дека:
Гарантирана минимална помош за лица материјално необезбедени работоспособни и за лица неспособни за работа до 65 годишна возраст потврдено со наод и мислење на соодветна комисија за утврдување на работоспособноста примаат 229 домаќинства, oд кои во Општина Гевгелија 149 домаќинства.

Паричен надоместок за помош и нега од друго лице – вкупно 1180 корисника,општина Гевгелија 823 корисника од кои 160 трајно го користат правото, а 334 времено односно имаат период на користење шест месеци, една година или две години во зависност од наод и мислење на Стручна комисија по што е предвиден контролен преглед за продолжување или прекин на правото.
 
Паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството го добиваат сите домаќинства корисници на гарантирана минимална помош односно 229 домаќинства и 85 корисници на правото на социјална сигурност на старите лица. Овој надоместок е во износ од 1020 денари и се исплаќа во периодот од месец октомври заклучно со месец март, односно во зимскиот период додека трае грејна сезона.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *