НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА РАСПРЕДЕЛЕНИ СРЕДСТВАТА ОД ДОТАЦИИТЕ ОД ДДВ

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија, вчера, ја одржа својата 18. седница. На седницата, Советот на Општина Гевгелија со мнозинство гласови го усвои Ребалансот на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година како резултат на зголемениот износ на дотација од ДДВ за Основниот буџет. 

Согласно известувањето од Министерството за финансии, со измените и дополнувањата се изврши зголемување на Буџетoт на Oпштина Гевгелија за 2022 година, за 4.704.001 денар за дотацијата на приходи од ДДВ. Така, вкупниот износ на Буџетот на Општина Гевгелија од 514.974.336 денари, со дотацијата на приходи од ДДВ е зголемен на 519.651.337 денари.
 
Исто така, на оваа седница беше усвоен и Планот за програми за развој на Општина Гевгелија за 2023 година. Во кој документ, како составен дел од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, се опфатени 4 програми и 9 развојни потпрограми со капиталните проекти кои Општина Гевгелија ги реализира или ќе започне со реализација во наредниот период.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *