НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1894 ГОДИНА ВО ШТИП, МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ ПРИМЕН ЗА ЧЛЕН НА ВМРО ЛИЧНО ОД ДАМЕ ГРУЕВ

WEB Телевизија во живо

Историската средба помеѓу Гоце и Даме Груев се случила во ноември 1894 година во Штип. Гоце и Делииванов уште неслезени од коњите биле пречекани од Даме, кој тогаш учителствувал во Штип. Даме од порано го познавал Делииванов, меѓутоа со Гоце Делчев имал прва средба. Меѓутоа, името на Гоце не му било непознато. За него, Даме првпат слушнал есента 1893 година во Солун, при сондажата за формирање на Македонската револуционерна организација, најверојатно Иван Хаџи Николов информирал за високото мислење кое Коста Шахов го имал за Гоце. 
 
Пречекот на Даме не бил случаен, а уште помалку неговата упорност за одвлекување на дојденците од анот во кој се сместиле – во куќата на стариот учител Мите Теранцелиев, кадешто и самиот Даме Груев, за време на својот престој во Штип, живеел.
Истата вечер, на Дамевото провокативно прашање, зошто ја напуштиле Бугарија! Гоце одговорил:
”Може ли да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку Македонија?
 
Воодушевен од Гоцевата концепција, Даме широко го отворил срцето со зборовите: Добро сте ми дошле!”, при што го врачил Уставот на Организација.
Следниот ден, Гоце положил заклетва пред првенецот на Организацијата, со што станал полноправен член на Македонската револуционерна организација. Од првата средба на срцето и волјата на револуционерна Македонија, на прагот на Гоцевата револуционерна дејност, па сè до нивната последна, која се одиграла во драматични околности, во предвечерието на Гоцевото загинување, меѓу двајцата апостоли владеела ретка блискот и длабоко меѓусебно почитување.
 
”Делчев веднаш ми направи впечаток со својата отвореност и чесност. Тој беше, при првите обиди да зачленува, дури и претерано отворен, па требаше да го контролираме за да не ја издаде нашата слабост, слабоста на Организацијата. Тој се стремеше да си ја каже вистината, мислејќи дека секој треба да ја усвои идејата така како што тој ја усвоил. Беше многу пргав”.
— Даме Груев , „Спомени“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *