МОТОКРОСИСТИТЕ НА „MOTOCROSS CLUB GEVGELIJA“ УСПЕШНО НАСТАПИЈА НА ПОСЛЕДНАТА ТРКА ОД МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОНАТ 2022.

WEB Телевизија во живо

Вчера, на 13 ноември 2022 година, на патеката Смолево во Битола се одржа последната трка од Македонскиот Мотокрос шампионат за 2022 година во организација на МК Пелистер и МФМА.
Гевгелискиот клуб го претставуваа 6 возачи во 4 класи.
Во најсилната класа МХ1 на подиумот се искачи Саше Трајков со освоено 3 место, додека Васко Киров заврши на 4 позиција.
Во класата МХ каде што имаше најмногу натпреварувачи, Димитар Маџунков освои 2 место.
Во класата МХ85 Огнен Тодоров после падот во втората трка заврши на 2 позиција.
Во класата МХ2 Иван Цековски заврши 4 место и Марио Поп-Тошев заврши 5 место.
Поради временските услови патеката беше тешка за возење но сепак натпреварот заврши без последици и во најдобар ред.
Со овој натпревар ја завршивме сезона 2022 и без пауза започнуваме со тренинг и подготовки за сезона 2023, во која и планираме да организираме натпревар на добро познатата патека Милци во Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *