МОТОКРОС КЛУБ ГЕВГЕЛИЈА ЗАВРШИ НА ВТОРО МЕСТО ВО НАЦИОНАЛНИОТ МОТОКРОС ШАМПИОНАТ ЗА 20-22 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Гевгелиските мотокросисти се пласираа на второто место во националниот мотокрос шампионат за 2022 година Ова е досега најуспешна година за „Мотокрос клуб Гевгелија“.

Во најсилната класа МХ1 – 450cc, со моторцикл YAMAHA YZF450, Васко Киров е освојувач на 3-то место за 2022 година.
Во класата МХ2 – 250cc, со моторцикл HONDA CRF250, Иван Цековски освои исто така 3 место за 2022 година. 

Милан Стојанов (класа МХ – 10 место), Огнен Тодоров (класа МХ85cc – 4 место) и Саше Трајков (класа МХ1 – 4 место) ја започнаа натпреварувачката сезона убедливо добро, но поради сериозни повреди уште на самиот почеток на сезоната не успејаа да ги извозат сите трки од шампионатот и со тоа ќе мора да се задоволат со постигнатите резултати.

Додека Димитар Маџунков (класа МХ – 7 место) и Марио Поп-Тошев (класа МХ2 – 6 место) започнаа со натпреварување на средината на сезоната па исто така не освоија доволно поени за повисок пласман.
 
Овие резултати се доказ дека клубот е на добар пат наредната година да се искачи и на самиот врв.
Огромна благодарност тие искажуваат до спонзорите без кои ќе беше потешко да ја завршат сезоната:

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *