МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛА:

WEB Телевизија во живо

ИЗВРШЕН ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО ГРАДИНКАТА „ЦВЕТОВИ“, ДЕТЕТО СЕ СТЕКНАЛО СО ГРЕБНАТИНКИ ПРИ ПАД ВО ИГРА, ДИРЕКТОРКАТА ДАЛА ПРЕДЛОГ ЗА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ НЕГОВАТЕЛКИТЕ ОД ГРУПАТА.
 
Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста во рамките на своите надлежности спровело вонреден инспекциски надзор во врска со случајот на, како што нагласуваат оттаму, „претепано 10 месечно дете во градинка во Гевгелија“, како што тоа било пренесено од медиумите, а изјавено од член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
 
-Од страна на инспекторите на терен, а согласно дадените изјави на негователките во групата на деца каде што е посочен немилиот настан, детето се стекнало со гребнатинки при пад во игра со останатите деца. Гребнатините веднаш биле санирани од негователките, а детето продолжило со вообичаените активности, како и сите деца во групата. Мајката била известена за настанот при преземањето на детето од установата, со оглед на проценката на негователките од нивната досегашна пракса дека се работи само за гребнатинки. 
 
Директорката на установата била известена за настанот, од страна на негователките истиот ден. При увид во листата за евиденција на присутни деца, детето од следниот ден не ја посетува градинката, од причина што по претходна најава кај негователките од страна на родителите отпатувало со мајката во странство, велат од МТСП.
 
Оттаму додаваат дека директорката на Јавната општинска установа за деца- детска градинка ДЕТСКА РАДОСТ – Гевгелија, поднела предлог за поведување на дисциплинска постапка против негователките и донела Решение за формирање на комисија за утврдување на повреда на работната дисциплина. Од МТСП нагласуваат дека при вонредниот инспекциски надзор е утврдено оти директорот на Јавната општинска установа за деца- детска градинка ДЕТСКА РАДОСТ –Гевгелија, постапил согласно одредбите од Законот за заштита на децата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *