МИЈАЛЧО АНДОНОВСКИ ГО ТРЧАШЕ НАЈСЛАТКИОТ МАРАТОН „СИНИОТ КРУГ ОКОЛУ АДА“ ВО БЕЛГРАД

WEB Телевизија во живо

Во организација на Здружението „ Blue Circle“, денес во Белград се одржа 11-от по ред најсладок маратон и трката за подршка на лицата со дијабетес –„ Синиот круг околу Ада 2022“ година.
 
Она што го прави посебен овој маратон е што во трката покрај спортисти и рекреативци учествуваат и лица со дијабетес, кои заедно со другите тркачи ја истрчаа посакуваната дистанца и на тој начин со личен пример покажаа дека нема граници во животот со дијабетес.
 
На овој маратон трчаа повеќе од 1.000 тркачи, а годинава во трката за поддршка учествуваа рекорден број заболени од дијабетес, повеќе од 60. Меѓу учесниците беше и членот на АК „7-ми Ноември“, Мијалчо Андоновски, кој по вчерашниот настап во Куманово, најде сили да истрча уште 42 километри, како негов придонес за лицата со дијабетес.
 
Овогодинешниот маратон и трката за поддршка „Синиот круг околу Ада“ беа посветени на Горица Нешовиќ, новинарка која неодамна почина, а која беше многу блиска пријателка на Здружението.
 
На овој начин, изјави по трката Бојана Марковиќ, претседателка на Здружението „Синиот круг“, ја потсетуваме јавноста колку е важна физичката активност и здравиот начин на живот во спречувањето на појава на дијабетес. 

Горица Нешовиќ, со својот личен пример покажа како изгледа вистински борец, пријател и жена која живеела во она во што верувала.
Маратонот и трчањето за поддршка традиционално се одржуваат во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот , 14 ноември.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *