МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ И ДОЈРАН СО ПЗУ ЦЕНТАР ЗА ДИЈАЛИЗА „ДИАМЕД МАКЕДОНИЈА“

WEB Телевизија во живо

Здружението на граѓани со дијабетес за општините Гевгелија, Богданци и Дојран, заедно со ПЗУ Центар за дијализа Диамед Македонија (водени под интернационалниот дијализен провајдер Диаверум), денес 11.11.2022 потпишаа Меморандум за соработка.
 
Идејата да се пристапи кон овој Меморандум произлегува од повеќе аспекти.
Имено, во регионот Гевгелија, Богданци и Дојран, според досегашните статистички податоци, регистрирани се над 1100 лица со дијагностициран дијабетес, или 4.8% од популацијата.
 
Оваа бројка е во континуиран пораст.
Како последица од дијабетесот, (покрај другите промени), кај пациентите настанува трајно оштетување на бубрезите и намалување на нивната функција.
Во крајниот, терминален стадиум болните имаат потреба од активно лекување со дијализа или трансплантација на бубрег.
 
Во моментот, од пациентите кои се корисници на услугите хемодијализа и хемодијафилтрација во Центарот во Гевгелија, добар дел од нив се со дијабетес мелитус тип 2 и нешто помал број со дијабетес мелитус тип 1.
 
Од овие прични, двете страни потписнички на Меморандумот за соработка, ќе се залагаат покрај останатото и за едукација, правилна исхрана и зачувување на функцијата на бубрезите на подолг рок кај дијабетичарите, но и за едукативно и превентивно делување преку активности, програми, акции врз целокупното население во овој регион. “

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *