ЛЕВИЦА ГЕВГЕЛИЈА И ЦРВЕНА МЛАДИНА ГЕВГЕЛИЈА ГО ОСВЕЖИЈА СЕЌАВАЊЕТО НА ПРВОБОРЕЦОТ ЈАНКО УРДИНОВ

WEB Телевизија во живо

На 7-ми ноември, во спомен на Денот на ослободувањето на Гевгелија, членови на Огранокот на Левица од Гевгелија и членови на Црвена Mладина беа на местото во подножјето на планината Кожуф каде што е ѕверски мачен и убиен првоборецот Јанко Урдинов.
 
На местото има спомен обележје кој беше освежен од членовите на Левица и Црвена Младина од Гевгелија, а беше и одржан говор од модераторот на ЛО Левица и советник во Советот на Општина Гевгелија, Сашко Јанчев,
 
Тој, меѓу другото истакна:
„Денес повеќе од било кога претходно е битно да ги одбележуваме светите ликови и настани на македонскиот народ затоа што постои една група чии припадници се нарекуваат прогресивци, кои секојдневно преку телевизии, социјални мрежи, портали и разни медиуми, а дури и од позиција на власт водат антимакедонска и антинародна пропаганда против македонскиот народ.
 
Таквите ликови често ви кажуваат да не се враќате на минатото и да се посветите на иднината, а тоа го прават со цел да не се присетите на пркосот на нашите предци, џинови, кои што ја создадоа оваа држава и да не случајно тргнете по нивните стапки.
Таков еден лик на пркос е и првоборецот од Гевгелија, Јанко Урдинов, кој е еден од раководителите на СКОЈ во Гевгелија.
 
За време на бугарската фашистичка окупација Јанко Урдинов знаела дека за него ќе дојде повик за регрутација за служење на воен рок во бугарската фашистичка војска. Со цел да ги избегне регрутацијата и служењето на војниот рок тој рeшил да гладува. Така ригорозно гладувал што се довел во состојба на изнемоштеност по што бугарската регрутациона комисија го прогласила за привремено неспособен да служи воен рок. 
 
Тој два пати успеал вака да избегне служење воен рок во бугарската војска, но тоа не дошло без данок. Данокот бил по неговото здравје. Како последица на тоа ригорозно гладување тој си направил сериозни здравствени компликации и се довел во состојба на сериозна изнемоштеност.
 
Јанко Урдинов без да каже дека партизаните се малку, дека се слаби, дека немаат држава која што стои позади нив, за разлика од Бугарија која е држава и има организирана војска и без да каже дека позади Бугарија стојат големи светски сили како Нацистичка Германија, во ситуација на физичка изнемоштеност и лоша здравствена состојба, доброволно се приклучува на Првиот гевгелиски партизански одред “Сава Михајлов” и во него останува до денот на неговот фаќање, ѕверско мачење и убивање од бугарската фашистичка војска, токму на ова место.
 
Да живее Македонија!
Честит 7 Ноември!
Слава на борците во НОБ од Гевгелиско!
Долу империјализмот и неговите прогресивни сили!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *