„КОГА ТАТКОВИНАТА СТАНУВА ЧЕДО, А ВИСТИНАТА-БОРБА!“ – ДВА-ТРИ ЛАФА ЗА ПОНОВИТЕ МАКЕДОНЦКИ РАБОТИ , НОВА КНИГА КОЛУМНИ И ЕСЕИ ОД Д-Р ВАСКО ШУТАРОВ

WEB Телевизија во живо

Современиот македонски политиколог, дипломат и професор д-р Васко Шутаров минатата седмица објави нова збирка колумни и есеи со наслов „Кога татковината станува чедо, а вистината-борба!“ кај издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје. 
 
Рецензентот и промотор на ова издание, Елка Јачева Улчар, препорачувајќи ги колумните на Шутаров, во предговорот кон оваа книга истакна дека за неа најважна и обединувачка нишка со Васко е патриотизмот, оној што таа го нарекува здрав патриотизам, фундиран на: знаењето и сакањето на својата култура, историја, јазик, од една страна, но и врз самопочитта која ако ја немаш, не може да продуцира почит спрема другиот; […] оној патриотизам што најдобро го имаше дефинирано Кенеди пред повеќе од шест децении: не прашувај што ќе ти даде тебе Татковината, пред да се прашаш што ќе ѝ дадеш ти на Татковината! “Колумните и есеите на Васко,“ вели Јачева Улчар, иако пишувани за актуелни проблеми, имаат во себе една поучна димензија искажана на негов препознатлив начин, која сигурно ќе допре до читателската македонска публика. И ќе бидат, сигурно, интелектуална чашка пијалак која вистински ќе ни треба во ова наше македонско време-невреме!
 
Книгата е делумно спонзорирана од Општина Гевгелија и ќе може да се купи во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ во центарот на Скопје и на порталот kupikniga.mk.
Д-р Васко Шутаров е доктор по политички науки, поранешен пратеник и дипломат, со повеќегодишно искуство во креирањето и практикувањето на културни политики и културна дипломатија на државата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *