ИРИНА ПРОШЕВА: ЖЕНСКИТЕ ПРАВА ВО 21 ВЕК

WEB Телевизија во живо

ЖЕНСКИТЕ ПРАВА ВО 21 ВЕК – ЖИВЕЕМЕ ВО ОПШТЕСТВО КАДЕ ЗБОРОТ ЖЕНА Е САМО ИМЕНКА. НЕЈЗИНАТА УЛОГАН НЕ Е ДОВОЛНО ПРИЗНАЕНА И ПОЧИТУВАНА
 
Жената е најважната фигура во животот на секој човек. Мајка, сопруга, ќерка, а и најголема жртва за своето семејство, будното око кое везден бдее над своите најмили. Таа е најголемиот борец меѓу сите живи суштества која се исправа над сите проблеми, безизлезни ситуации, неуморен морнар кој го држи кормилото на својот брод-семејството и не дозволува никогаш да потоне.
 
Живееме во општество каде зборот жена е само именка. Улогата на жената не е доволно признаена и почитувана. Уште во минатото нејзината улога е оспорувана и проблематизирана. Дали тоа се должи на нејзината голема емотивност, нејзиниот инстинкт и темелното гледање на нештата или на предрасудите во општетсвото, поради половите разлики и преголемото давање моќ на ,,посилниот пол”? Многу вистини има во ова прашање, а неговиот потврден одговор ја поткрепува нашата теза дека улогата на жената е минимализирана во однос на нејзината вистинска вредност.
 
Денот е премногу краток за обврските и должностите на жената, бидејќи во многу случаеви таа е растргнатата мегу домот и кариеарата, но со својата амбициозност и умешност успева да држи сѐ под своја контрола. Убедени сме дека жените некогаш се избориле за своите права, но дали таа битка е завршена? Дали жената е повеќе од само еден збор? Дали заслужува да биде ислушана без да биде осудувана поради својот пол и припадност?Сликата за жената во современото општетсво не е многу поразлична од онаа во минатото, кога жената немала право на глас, не смеела да работи ништо, освен да биде домаќинка, каде била под притисок и контрола на својот маж. 
 
Денес иако живееме во демократско општество каде жената има можност за своја кариера, право на глас и е рамноправна со мажот, сепак таа секојдневно се бори со својата сурова реалност, разни видови стереотипи, препреки и ставови само поради тоа што е жена ие „послаба“.Знае како жена-лавица да се избори и како самохран родител, често да биде предмет и на психичко и физичко насилство само заради тоа што е жена. 
 
Жената е многу повеќе од начинот на кој била претставувана низ вековите наназад па се до денес. Таа не е само мајка и сопруга, таа е лекар, наставник, домаќинка, столб на своето семејство. Да размислиме дали светот би било поубаво место на живеење доколку жената би го имала последниот збор, би била лидер на држава, носител на повеќе јавни фунции? Дали нејзината смиреност, нежност, толеранција и грижливост би го успокоила светот и би го направила оаза на мирот? Знам дека сите го знаеме одговорот на овие прашања, но потајно некому му одговара жената да биде ставена во втор план, во подредена улога иако сите зборуваат за демократија и рамноправност во 21 век.
 
Како припадничка на женскиот пол и самата сум свесна за деградацијата и суровата вистина која ја живеат жените. Жената заслужува многу повеќе. Заслужува повеќе внимание, повеќе почит, нежност и прилики да се докаже во секое поле на општетсво. Таа е посебен дар за светот, толку совршена и различна, толку уникатна и мила. Со својата волшебност и уникатност сигурна сум дека може успешно да ги минимализира, па и да ја надмине тааполова дискриминација и нерамноправност кои, за жал, постојат и во 21 век.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *