ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА ГЕВГЕЛИСКИТЕ ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ

WEB Телевизија во живо

Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија на својата Годишна изложба, која синоќа беше отворена во фоајето на Народниот театар во Гевгелија, го презентираше богатството на Гевгелиската ликовна школа. 

Со оваа изложба ја продолжуваме традицијата, во пресрет на празникот на нашиот град да ги презентираме најновите дела на членовите на ДЛУГ, истакна на отворањето на изложбата претседателот на ДЛУГ Александар Јанев. Техниката не беше нагласена, па така секој од уметниците одлучи да се претстави по сопствен избор. 

Свои дела на изложбата презентираа гевгелиските уметници од постарата и помладата генерација Борис Петров, Атанас Крстев, Никола Бутров, Јордан Јанев, Михаил Петров, Гордана Петрова, Драги Хаџи-Николов, Горан Јованов, , Вангел Срнаков, Адријана Манчева, Мирјана Крстева Массетти, Иван Кал‛чев, Перо Кованцалиев, Дамјан Ѓуров, Катерина Чугунска, Сотир Хаџи-Николов, Александар Јанев, Анамарија Митриќеска-Кал‛чева и Фиљо Танов.
 
Изложбата беше во рамките на Програмата за одбележување на Општинскиот празник- 7-ми Ноември.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *