ФИЛМОТ „КАЈМАК“ НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ, ВО ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СЕ ПРИКАЖЕ НА 23 НОЕМВРИ

WEB Телевизија во живо

Македонската премиера на „Кајмак“, седмиот филм на реномираниот македонски режисер , се случи на 16 ноември, во Македонската филхармонија.
Киноприкажувањето низ Македонија започна на 17 ноември, а премиерата во Гевгелија, во организација на ЈОУ Дом на култура – Македонија е закажана за 23 ноември, среда, со почеток од 19 часот. Билетите чинат 150 денари а во продажба ќе бидат пуштени од 22. 11. 2022 од 08:00 до 15:00 часот и пред почетокот на проекцијата.
 
„Кајмак“ е црна комедија, или среќна трагедија, за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.
 
По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.
 
Според самиот Манчевски, филмот може да се стави во категоријата „љубовен филм за возрасни“. Филмот го прикажува животот на две современи македонски семејства. Како директор на фотографија се потпишува Улрик Боел Бенцен од Данска, а за монтажата бил задолжен Емил Нунинга од Холандија. Музиката во филмот е на „Дејниш стринг квартет“ и на Игор Василев-Новоградска.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *