ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА ЕСЕЈ НА ТЕМА „ЖЕНСКИТЕ ПРАВА ВО 21-ОТ ВЕК“

WEB Телевизија во живо

Денес,3 ноември, четврток, 2022 година, во организација на Општина Гевгелија, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, беше одржано Литературно читање на тема: „Женските права во 21 век“. 

Литературното читање во присуство на советници од Општина Гевгелија, наставници-ментори и ученици, се одржа во ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев, на кое беа прочитани наградените есеи на учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.
 
Исто така, им беа доделени Решенијата за парични награди на авторите на наградените есеи, како и Дипломи, Благодарници и симболични подароци на сите ученици и ментори кои учествуваа на распишаниот Конкурс за есеј на тема: „Женските права во 21 век“.
 
Комисијата за оценување на есеите по Конкурсот донесе Одлука за наградени да бидат авторите:
– Aлександра Василева од III-1, под менторство на Жаклина Атанасова,
– Ирина Прошева од III-3, под менторство на Жаклина Атанасова и
– Сара Стамкова од II-9, под менторство на Даниела Џишева.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *