ЧЕТИРИ ЧЛЕНА НА ШАХОВСКИОТ КЛУБ „7-МИ НОЕМВРИ“ УЧЕСТВУВАА НА ТУРНИРОТ „БЛИЦ КУМАНОВО 2022“

WEB Телевизија во живо

Четворица шахисти на шаховскиот клуб „7-ми Ноември“ Гевгелија, Танчев Борче, Јованџиков Борис, Андонов Душко и Велков Илија, на 13-ти ноември 2022 година зедоа учество нa брзопотезниот шаховски турнир „Блиц Куманово 2022“ во организација на ГШК Куманово, кој се одржа во ОУ Крсте Мисирков, Куманово.

Турнирот имаше меѓународен карактер, со шахисти од повеќе земји каде покрај шахисти од Македонија, учество зедоа и шахисти од Србија, Бугарија и Косово. Турнирот е ФИДЕ рејтингуван, и се играше со темпо, 3 минути за играч плус 2 секунди за потег.
 
Забележителен настап имаа шахистите Танчев Борче кој завши како 30-ти со 7 освоени поени, и Јованџиков Борис кој заврши како 37-ми исто така со 7 освоени поени.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *