АТАНАС ЕПОВ ПРВ, СРЃАН МИЛОШЕВСКИ ВТОР, ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ТРЕТА, КРИСТИНА УЗУНОВА ЧЕТВРТА НА 11-ТА ПО РЕД „CIPURO RACE“ ВО РОДОХОРИ, ГРЦИЈА

WEB Телевизија во живо

Викендов, 17 атлетичари од гевгелискиот клуб „7-ми Ноември, зедоа учество во трките на 5,7 и на 18,7 километри во Родохори, Науса, кој се наоѓа на 110 километри од Солун, 12 километри од Науса и 32 километри од Верија.
 
На 5,5 километри настапија Игор Коцевски, Томе Каркалашев, Никола Ковачев, Атанас Епов, Стојан Делев, Мартин Итов, Анастасија Џорлева, Александар Петковски, Блаже Петковски, Кристина Узунова, Никола Нанчев, Пепита Џикова, Валентина Узунова и Срѓан Милошевски.
 
Во машка конкуренција, првото место го освои Атанас Епов, а втор беше Срѓан Милошевски, додека во женска конкуренција, Валентина Узунова се пласираше на третото место, а Кристина Узунова стигна четврта.
 
Дарко Прошев, Мијалчо Андоновски и Влатко Семенаков трчаа на патеката со должина од 18,7 километри, која беше со висинска разлика од 750 метри.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *