АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ СО НАСТАП ВО ПОПУЛАРНАТА „ШАРЕНИЦА“ НА РТС 1

WEB Телевизија во живо

АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ СО НАСТАПОТ ВО ПОПУЛАРНАТА „ШАРЕНИЦА“ НА РТС 1, ГО ПРЕДИЗВИКА ВОДИТЕЛОТ СЛОБОДАН ШАРЕНАЦ ДА ИСКОМЕНТИРА „УБАВО, МНОГУ УБАВО“!
 
Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија продолжува со своите активности. Така, во периодот од 10 до13 Ноември тие беа на турнеја во Србија каде имаа бројни настапи на кои го презентираа богатството на македонскиот фолклор.
 
По покана од нивните пријатели од КУД „Љубомир Ивановиѓ – Геџа“ од Ковачевац, „Бојмија“ учествуваше како прво фолклорно друштво од Македонија и во мегапопуларната музичка емисија “Шареница” која се емитува секој викенд на државната РТС1 во Србија.
 
Никола Миовски, уметничкиот директор на „Бојмија“ по враќањето од Белград, ги сподели своите впечатоци:
„Воодушевени сме од пречекот во Белград од нашите драги пријатели од КУД „Љубомир Ивановиѓ – Геџа“ , со кои се запознавме пред четири години на „Балканските средби“ во нивното место Ковачевац. Можам да кажам дека веднаш најдовме, за разлика од политичарите, заеднички јазик, преку фолклорот но и преку познатиот производ, кај нив тоа е шливовицата а кај нас е жолтата ракија.
 
Може да кажам дека направивме таква атмосфера во емисијата „Шареница“ со нашите две кореографии „Малешевка“ и „Радовишки собор“, што сите во студиото ги станавме на нозе да заиграат и да ракоплескаат, а водителот Слободан Шаренац неколку пати повтори- убаво, многу убаво.“

Инаку, веднаш по настапот во „Шареница“, Ансамблот „Бојмија“, за кого голем број на стручни лица имаат кажано дека е еден од најдобрите фолклорни ансамбли на Балканот, имаше настап и на Годишниот концерт на друштвото Љубомир Ивановиѓ – Геџа во Младеновац, Република Србија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *