1.200 ГРАЃАНИ МОЖЕ ДА ОДАТ ВО ЗАТВОР ПОРАДИ КОВИД-19 ДОКОЛКУ НЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА

WEB Телевизија во живо

Министерот за правда, Никола Тупанчевски, синоќа гостуваше во емисијата „360 Степени“, каде што меѓу другото, говореше и за казните кои ги добија одреден дел од граѓаните за прекршување на Ковид-19 мерките.
 
Познато е дека должината на затворските казни за ваквите дела изнесува од 40 до 100 дена затвор. По истекот на две години без платена казна, судиите за извршување на санкции казнените налози од 2.000 евра ги заменуваат со затворски.
 
Се работи за околу 1.200 граѓани на кои им се заканува затворска казна поради непочитување на мерките. Сепак, министерот рече дека се работи во насока што побрзо да се донесе нов Закон за амнестија, бидејќи граѓаните имаат финансиски проблеми, а истовремено затворските одделенија низ земјата се преполни.
 
-Законската иницијатива е на Кривичниот суд Скопје, со идеја која може да помогне. Станува збор за луѓе кои не се криминалци во вистинска смисла на зборот. Статистиката која ја имаме вели дека околу 1.200 граѓани треба да одат во затвор ако не ја платат казната. Мора да сме брзи, бидејќи може да биде задоцнето и нема да ја исполниме целта – рече Тупанчевски во гостувањето во „360 Степени“.
 
Што се однесува до оние кои веќе платиле казна за прекршување на Ковид-19 мерките или ги одлежале затворските денови, министерството дополнително ќе размислува како да постапи.
 
Казните за прекршување на мерките беа парични, но граѓанинот има временски рок од две години за да ја плати казната, во спротивно следува затворска казна. Тупанчевски во интервјуот нагласи, дека амнестијата е планирана само за граѓани, а не за правни лица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *