ЗДРУЖЕНИЕТО МОБИЛНОСТ ГЕВГЕЛИЈА ИМАШЕ НАЈВКУСНА И НАЈУБАВА ТОРТА ВО ВИД НА КАЛИНКА НА „ТОРТИЈАДАТА“ ВО СТРУМИЦА!

WEB Телевизија во живо

На ден 29 октомври 2022 година(сабота) во хотел Вила Парк во Струмица, се одржа 23-та по ред Тортијада во организација на Мобилност Струмица а под поткровителство на Мобилност Македонија. На оваа традиционална манифестација се натпреваруваа 10 здруженија.
 
Здружението Мобилност од Гевгелија учествуваше со две свои членки, Благица Ѓоргиевска и Љубица Марковска кои изработија прекрасна торта наречена „Калинка“ и, според оценката на жири комисијата го освоија првото место.
 
Тортата во форма на Калинка беше симбол на најблагите и највкусните калинки од југот на државата Валандово Гевгелија Богданци и Дојран чиишто општини ги покрива Здружението Мобилност Гевгелија.
 
Вештите раце на двете дами со телесен инвалидитет направија одлична изработка која по својот изглед и вкус заслужено го освои првото место.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *