ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ОБИКОЛНИЦАТА

WEB Телевизија во живо

Општина Богданци информира дека идната недела ќе се започне со подготвителни активности за реализација на пректот Реконструкција на Државен Пат Р1109, Делница обиколница на Богданци – прва фаза.
 
Според објавата на официјалната страна на општината, предметната локација на патот од наведената делница ќе се третира како градилиште во кое ќе се реконструира истата. Таа ќе биде затворена за сообраќај, додека сообраќајот за тешки товарни возила ќе биде пренасочен кон улица Маршал Тито во Богданци. 
 
Ваквиот времен режим на сообраќај подразбира и воведување на забрана за запирање и паркирање на возила на улицата Маршал Тито (на потегот од „Каменот“ до спојот со раскрсницата на ул.„Петар Мусев“), се до целосно завршување на градежните активности.
 
Се апелира до граѓаните да наидат на разбирање и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот, се наведува во соопштението.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *