ВО НЕДЕЛА ВО СКОПЈЕ СТАРТУВА 18-ТО ИЗДАНИЕ НА ВИЗ ЕР МАРАТОНОТ. УЧЕСТВО ЌЕ ЗЕМАТ И 25 ЧЛЕНА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

WEB Телевизија во живо

Најпознатиот спортски настан во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела) со препознатливите трки како носители на најголемата и традиционална спортска манифестација, која што сите љубители на трчањето од земјата и пошироко, со нетрпение ја очекуваат секоја година.
 
Трките кои секоја година се дел од најомилениот спортски настан во државата, -маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон, – „ЕУ за спортот“ и трката на 5км ќе започнат точно во 08:00 часот.
 
Како и секоја година, учесници ќе бидат и членовите на гевгелискиот атлетски клуб „7-ми Ноември“. Како што не информираше претседателот на клубот Игор Коцевски, во Скопје патуваат 25 члена на овој клуб, кои ќе земат учество во штафетниот маратон, во кој очекуваат да го освојат првото место, другите ќе настапат на на 21 километар, додека Аце Темелков ќе трча 42 километри.
 
Директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, на прес конференција најави дека се менува дел од патеката по која се трчаше изминативе години. Новата патека е измерена од меѓународен лиценциран мерач и се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација. Целта е плоштадот „Македонија“ со кој се враќа традиционалниот финиш на патеката по што беше препознатлив маратонот.
 
Учесниците на трката на 5км ќе тргнат од „Рекорд“ и трчаат во правец на Аеродром, додека тркачите на маратон, полумаратон и штафетниот маратон ќе стартуваат од старата Градска болница „Св. Наум Охридски“ во правец на плоштад и продолжуваат преку ул. „Теодосиј Гологанов“ кон Хром.
 
„Огромна чест ми е што сум сведок и дел од големиот тим кој е заслужен за организација и на годинешното 18то издание на најпознатата атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон. Оваа година на сите четири трки, – маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон- „ЕУ за спортот“ и трката на 5км, -ќе трчаатнад 8500 учесници. 
 
Маратонот како и секоја година, така и оваа ќе биде домаќин на квалитетни натпреварувачи. Пријавени се натпреварувачи од над 47 земји од целиот свет, со што покажуваме дека овој спортски настан е веќе препознатлив на светско ниво. На сите тркачи им посакувам “лесни нозе“ и да ги соборат своите најдобри времиња,“- изјави Синадиновски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *