ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗАПОЧНАА АКТИВНОСТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ВРСНИЧКИ ФОРУМ ТЕАТАР ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВО УЧУЛИШТАТА“

WEB Телевизија во живо

Започна проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“, кој ќе го третира проблемот на врсничко насилство во училиштата во општина Гевгелија во насока на препознавање, превенција и постапување при ваквите случаи. 
 
Планираните активности треба да придонесат кон создавање безбедни училишни средини без врсничко насилство и со унапредена меѓусебна толеранција и разбирање.
 
Проектот го имплементираат здруженијата „Од станица до граница“ и „Рубикон“ во соработка со Општина Гевгелија стручни служби од сите основни училишта и средношколскиот центар од Гевгелија, претставници од Центарот за социјална работа, Општа болница – Гевгелија и Одделенијата за детска и социјална заштита и образование при Општина Гевгелија.
 
„Врснички форум театар против насилство во училиштата“ се спроведува во рамки на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)
 
Проектните активности започнаа со средба на работните тимови, кои ги детектираа проблемите во училиштата во општина Гевгелија во врска со врсничкото насилство, а врз основа на тоа се согласија да работат на конкретни активности како превентивни мерки кои ќе се спроведуваат во наредниот период:
 
– меѓусекторски состаноци на тимовите (училишта, ЦСР, МВР, Општина Гевгелија)
– состаноци со стручни служби и наставници на ниво на паралелка;
– советувања со родители и ученици;
– едукативни предавања и работилници;
– изработка на едукативни материјали;
– редовни анкети со ученици и родители;
– одбележување на Денот на борба против насилство;
– ликовен конкурс на тема „Врсничко насилство“;
– повратно информирање од систематски прегледи на учениците.
 
Претседателот на Здружението „Од станица до граница“, професорот Тони Аврамов, во врска со овој проект ни изјави:
 
„Проектот треба да придонесе за зајакнување на капацитетите на учениците во основните и средните училишта за превенција и справување со врсничко насилство, како и унапредување на компетенциите на наставниот кадар, психо-педагошкиот тим за детектирање, превенција и структуриран пристап во справување со врсничкото насилство. Дополнително, ќе се работи и на јакнење на меѓусекторската соработка на сите вклучени институции во системски одговор на случаите на врсничко насилство.“
 
Според планираните активности од проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“, здруженијата „Од станица до граница“ и „Рубикон“ веќе подготвуваат работни средби со наставниот кадар од сите училишта од Општина Гевгелија по што ќе следат работилници со учениците.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *