ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ДОСТОЈНО ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ ГЕВГЕЛИЈА И МАКЕДОНИЈА НА 46-ОТ ПОЛУМАРАТОН ВО АМСТЕРДАМ

WEB Телевизија во живо

Валентина Узунова, членка на АК „7-ми Ноември“, една од најдобрите македонски улични и треил тркачи во својата возрасна категорија, денеска за прв пат трчаше на големиот 46-ти по ред „Амстердам Маратон 2022“ , како единствена натпреварувачка од Македонија, и може да се рече ги израдува своите навивачи како во Гевгелија така и во Македонија.
 
Имено, таа се натпреваруваше во полумаратонската трка, заедно со над 6.000 маратонки, и со време од 1 час, 59 минути и 42 секунди, го освои во својата В 55 категорија феноменалното 34-то место.
Во машка конкуренција од Македонија настапија Слаѓан Милошевски и Сашо Спасовски.
 
На овој спектакуларен маратон во Амстердам оваа година учествуваа 18.000 тркачи од речиси 130 земји од целиот свет, меѓу која беше и тројката од Македонија, во трките на 8 километри, полумаратон и маратон, што придонесува Валентина со право да биде горда со резултатот што го постигна.
 
Amsterdam Marathon, кој ја поседува Светската атлетска платинеста етикета, со години ја има една од најбрзите патеки во светот. Во рангирањето на најбрзите маратонски градови, најголемиот маратон во Холандија е на четвртото место. 
 
Најважните моменти на патеката се почетокот и финишот на Олимпискиот стадион, преминот под Ријксмузејот и покрај Heineken Experience, километрите покрај Амстел и кругот низ Вонделпарк.
 
Инаку, во маратонската женска трка Алмаз Ајана победи со рекорд на патека од 2.17.20. 30-годишната Етиопјанка стигна до победата во последните километри придружувана со гласни овации од публиката на Олимпискиот стадион. Олимписката шампионка на 10.000 метри од Рио де Жанеиро (2016) го истрча најбрзото дебитантско време досега.
 
Кај мажите триумфираше Цегаје Гетачев. 25-годишниот Етиопјанец ја мина патеката во време од 2:04:49 и го урна својот личен рекорд во една сензационална трка која беше неизвесна до самиот крај.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *