УШТЕ ПЕТ ДЕНА ДО НАЈГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – АТЛЕТСКАТА ТРКА „NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2022“

WEB Телевизија во живо

Во Гевгелија, минатата година, по повод Денот на ослободувањето – 7-ми Ноември, се одржа првото издание на атлетската трка „Ноемвриска трка 2021“. 
 
Организаторот, АК „7-ми Ноември“ и Општина Гевгелија, тогаш добија висока оценка за одличната организација на до тогаш најмасовната атлетска трка во Југоисточниот регион, на која учество зедоа 639 натпреварувачи во трките на 5 и 10 километри.
 
Оваа година, како што најавија од АК „7-ми Ноември“, трката оди едно ниво повисоко, како со бројот на учесници, така и со самата организација, со што Гевгелија претендира, за само две години, да биде градот во кој ќе се организира еден од најголемите спортски настани во овој регион.
 
Така, на 6 ноември, недела, за трката на 5 километри, пријавени се 398 натпреварувачи, додека за трката на 10 километри, таа бројка е 491 натпреварувач. Освен тоа, ден порано, на 5 ноември, во сабота ќе се одржи и трката за деца, на која се пријавени околу 500 деца, од кои 400 се од Општина Гевгелија.
 
На трката се пријавени учесници од 11 земји, покрај Македонија, ќе има натпреварувачи од Србија, Грција, Косово , Албанија, Полска, Австрија, Бугарија, Холандија, Италија и Швајцарија.
 
Што се однесува до натпреварувачите од Македонија, најголем број доаѓаат од Скопје, 344 учесници, по што следува Гевгелија со 200, Битола со 43, Штип со 32, Струмица со 28, Кавадарци со 21 Велес со 18, Охрид со 17 и Прилеп со 16 пријавени натпреварувачи.
 
За безбедноста и редот на самата трка, покрај Полицијата, Пожарната единица и Брзата Помош, ќе се грижат и 120 волонтери на Црвениот крст и на организаторот. Направен е веќе елаборатот за патеката, а сите натпреварувачи ќе добијат чипови.
 
Сето ова, велат од организацијата на трката треба да допринесе во деновите на трките Гевгелија да биде вистинска атлетска престолнина во земјава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *