СТО ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА СТЕФАН НАУМОВ – СТИВ

WEB Телевизија во живо

На 27.10.1920 година во Битола е роден македонскиот народен херој Стефан Наумов – Стив. Потекнува од печалбарско семејство. Татко му Васил е од село Битуша, Леринско, Егејска Македонија.

Стив, или поточно Стефан, потекнувал од печалбарско семејство. Бил трето машко дете на Васил и на Јана Темелкова. По таткова линија потекнувал од селото Битуше. 

Стив завршил гимназија во Битола и Технички факултет во Белград. Таму веднаш стапил во работничкото движење, а кога се вратил дома станал секретар на Месниот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Битола.
 
Во април 1942 година, Стив Наумов учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“. На 6 мај 1942 година во Битола го убил бугарскиот областен полициски началник. Во јуни 1942 година станал член на Оперативниот штаб на Главниот штаб на партизанските одреди во Македонија.

Есента истата година, Стив Наумов заминал на партиска задача во Преспа каде, на 12 септември 1942 година, кај селото Болно, Ресенско, во борба против бугарската војска и полиција се самоубил, заедно со неговиот соборец, народниот херој Мите Богоевски. 

За неговата глава се барале 200 илјади лева, жив или мртов. Се самоубил за да не го фатат бугарските фашисти, бил погребан, па откопан и полиен со бензин, за луѓето во селото Болно да не можат да го посетуваат неговиот гроб. А, пред да биде погребан, неговото мртво тело заедно со телото на другарот Мите биле изложени во селото за Бугарите да можат да ги распознаат родителите на Мите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *