ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА НАСТАНИТЕ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 7-МИ НОЕМВРИ, ОПШТИНСКИОТ ПРАЗНИК

WEB Телевизија во живо

Денес, во фоајето на Народниот театар, се одржа прес конференција на која директорите на Дом на култура „Македонија“, Пионерски дом 25 Мај“, Библиотека „Гоце Делчев“, Народниот музеј Гевгелија, ООМУ „Васо Карајанов“, како и раководителите на КУД „Бојмија“, на денс-групите „Мистик“ и „Дива“, и на Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ ја презентираа богатата осумдневна програма во чест на Денот на ослободувањето на Гевгелија 7-ми Ноември.
 
Одбележувањето на Општинскиот празник, беше истакнато на оваа прес конференција ќе започне со отворањето на Изложба на фотографии од Димитар Новаков „Гевгелиски моменти“, во Ликовната галерија „Амам“, со почеток во 20:00 часот. На 2 ноември, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, ќе биде одбележана 50-годишната творечка кариера на Васил Тоциновски, на Книжевна средба со македонскиот писател, книжевен историчар и критичар.
 
Во програмата за одбележување на 7 Ноември, ќе учествува и ООМУ „Васо Карајанов“ со Концерт на класична музика, на кој ќе се претстават учениците од Музичкиот оддел. Концертот ќе се одржи на 3 ноември, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот. Истиот ден, активностите продолжуваат со Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, која ќе биде отворена во 20:00 часот, во Клуб-галеријата на Народниот театар- Гевгелија.
 
За денските активности на 4 ноември, во 12:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија следи настанот Туристичка промоција на Гевгелија Spice up the journey. Вечерта, Советот на Општина Гевгелија ќе одржи Свечена седница, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, а по нејзиното одржување следат гала-оперските концерти на Ансамблите при Национална опера и балет „Болеро“ и „Оперски концерт“, со почеток во 20:00.
 
На 5 ноември, низ улиците на Гевгелија ќе трчаат дечињата, пријавени за учество на Детската атлетска трка во рамки на November run Gevgelija, која ќе започне во 16:00 часот, на платото на Сава Михајлов. Исто така, со почеток во 17:00 и 18:00 часот, следат Концертите на денс-групите „Мистик“ и „Дива“ од Гевгелија. 
 
Атлетската трка November run Gevgelija ќе продолжи на 6 ноември со трките на 5 и 10 км., во машка и женска конкуренција, со почеток во 09:00 часот, на платото на Сава Михајлов. Прогласување на победниците на трката е во 11:00 часот. Навечер, со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде одржана манифестацијата „Фолклорен ѓердан“.
 
На самиот ден на Празникот, на 7 ноември, во 11:00 часот, ќе се положува цвеќе на спомен-обележјата во Гевгелија. Вечерта, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, гевгеличани ќе можат да ја проследат театарската претстава „Секс и лаги“ од репертоарот на Театар „Куманово“, во режија на Драгана Таневска.
 
Богатата осумдневна програма, во организација и покровителство на Општина Гевгелија, културните институции и спортски организации, ќе заврши со Концерт на Гордана Јосифова Неделковска- англиски рог и Елена Атанасовска Ивановска- пијано, на 9 ноември, во хотел „Аполонија“, а ќе започне во 20:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *