ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА РЕНОВИРАНИОТ МЛАДИНСКИ ДОМ ВО ПРДЕЈЦИ

WEB Телевизија во живо

Населеното место Прдејци, на денот на христијанскиот празник- Св. Петка и панаѓурот, доби нов и опремен Младински дом. Синоќа, граѓаните од ова населено место, придружени и од голем број гости, присуствуваа на свеченото предавање на објектот од страна на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Настанот беше збогатен со културна програма кои ја отворија најмалите жители на Прдејци- дечињата од Детската градинка „Развигорче“, а настапија и „Распеани гевгеличани“, бендот „Панта Реи“ и Културно-уметничките друштва „Браќа Толеви“- Прдејци и „Негорци“.

Градоначaлникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во своето обраќање истакна:

– Прдејци доби модерно здание и современо опремен Младински дом за одржување на јавни, младински и културни настани. Објектот се протега на површина од 580 м² и располага со голема сала и придружни простории. Беше извршена реконструкција на стариот објект со пренамена на средствата од ТАВ, во вредност од 12.000.000 денари. Од Буџетот на Општина Гевгелија, обезбедивме дополнителни средства во висина од 6.994.800 денари за внатрешно уредување, опремување на објектот и уредување на дворната површина. Очекувам Младинскиот дом да ги отвори вратите за жителите и гостите, како место за одржување голем број настани.
Андон Сарамандов, најави дека по Домот во Прдејци, наредната година ќе бидат реконструирани и Младинските домови во Богородица и Моин.
 
Пред свеченото предавање во употреба, објектот беше осветен од страна на отец Марјан Радински.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *