ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА-ПРАЗНИК НА ЉУБОВТА, МИРОТ И МОЛИТВАТА

WEB Телевизија во живо

На 14 октомври православните верници го слават празникот Покров на Пресвета Богородица како потсетување на чудесниот настан што се случи на 14 октомври 911 година, во времето на царот Лав Мудриот.
 
Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите. Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: „Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?” 
 
Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник.
Поради тој настан, 14 октомври беше прогласен за празник, како потсетник за христијаните дека Богородица секогаш ги штити, се моли за нив, кога верниците ќе го побараат тоа.
 
За овој празник се поврзани различни верувања и обичаи. Се смета за женски празник, па затоа жените најчесто го слават како еден вид љубов и благодарност кон Богородица.
 
Овој празник порано го славеа повеќето мајки кои се молеа за своите деца и го поминуваа денот со своите деца во љубов и убави активности, но се верува дека на овој ден се молат и сите девојки кои сакаат да имаат семејство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *