ПОД СИЛНО ПОЛИЦИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОТВОРЕН МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“ ВО БЛАГОЕВГРАД

WEB Телевизија во живо

Тензично но без големи инциденти помина отворањето на клубот. Бугарската полиција не даваше никој од обичните граѓани да се приближат до уличката каде што е сместен клубот. 
 
Бугарската полиција, од безбедносни причини, не дозволи лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на Левица, Димитар Апасиев, да дојдат на плоштадот, иако беше предвидено и тие да положат цвеќе пред спомениците.
 
Еден од основачите на македонскиот клуб во Благоеврад, Атанас Мазнов на отворањето на „Никола Вапцаров“ рече дека целта не биле провокации, туку градење на мостови меѓу македонскиот и бугарскио народ и нови културни пространства какви што им оставил во аманет Гоце Делчев.
 
Тука сме да го поддржиме нашиот народ – Македонците преку граница. Да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци кои го зборуваме македонскиот јазик и потекнуваме од Македонија. Во 21 век никој не треба да се сомнева и да зборува за ова прашање.
 
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој допатува во Благоевград на отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“. Во исто време ВМРО протестираше против отворањето на клубот, јави дописникот на БГНЕС од градот.
 
На прашањето зошто не ги признава правата на македонските Бугари, тој одговори: Македонскиот устав ги призна сите малцинства, според сите стандарди. Прашање е зошто не се признаваат правата на Македонците во Бугарија, праша тој.
 
Ние сме причина за обединување, не создаваме тензии, горди сме на тоа што сме тука на отворањето на овој клуб, рече и Мицкоски.
„Даваме целосна поддршка на ваквите клубови. 
 
Очекувам подобрување на односите затоа што во европска држава очекуваме да се почитуваат правилата, изјави лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев кој присуствуваше на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *