ПОЧИНА ЏЕРИ ЛИ ЛУИС, ПИОНЕРОТ НА РОКЕНРОЛ МУЗИКАТА

WEB Телевизија во живо

Почина Џери Ли Луис, пејачот кој свиреше со раце и нозе на пијаното и, кој го електризираше рокенролот во 50-те години со хитовите како „Great Balls of Fire“ и „Whole Lotta Shakin’ Goin’ On“ пред брачниот скандал да ја попречи неговата кариера умре на 87-годишна возраст, изјави неговиот претставник Зак Фарнум.
 
Луис почина во својот дом во округот Десото, Мисисипи, јужно од Мемфис, се вели во соопштението.
 
Неговата седма сопруга, Џудит, била покрај него кога тој починал, а Луис „во последните денови и рекол дека го дочекува идниот свет и дека не се плаши“, се додава во соопштението.
 
Заедно со Чак Бери, Елвис Присли и други, Луис беше една од водечките фигури на рок ерата од 1950-тите и мајсторски шоумен – наречен „Убиецот“ – чии сурови изведби ги водеа младите фанови во делириум.
 
„Роден сум да бидам на сцена. Едвај чекав да бидам на неа. Сонував за тоа. И јас сум на сцената цел живот“, рече Луис во „Jerry Lee Lewis: His Own Story“, биографијата од 2014 година на Рик Брег. „Тука сум најсреќен“.
 
Но, надвор од сцената, личниот живот на пејачот беше турбулентен. Луис беше близу врвот на својата популарност во 1958 година кога јавноста дозна дека се оженил со Мајра Гејл Браун, неговата прва братучетка. Таа имала 13 години во тоа време а Луис 22 години.
 
Тој не напиша многу песни, но беше брилијантен во реинтерпретацијата на композициите на другите автори со неговите заразни, буги-вуги ритми, кои помогнаа да се внесе рокабили правецот во мејнстрим музиката .
 
Но, неговото најтрајно наследство можеби беше неговиот оригинален стил на свирење пијано, кој влијаеше на Елтон Џон и на многу други музичари. 
 
За време на концертите Луис ги удирал копчињата со тупаници и лактите, ја клоцал столицата за пијано, се качувал на својот инструмент и еднаш дури го запалил.
На овој начин, тој покажа дека рокенролот не е само свирење на гитара.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *